Ако не ви е познато во Македонија доста луѓе се лажно се преставуваат како агенции за вработување, кои нудат оваква или онаква работа во Македонија или странство со ветување за доста високи плати...
А такви огласи има низ сите весници и огласници,
на пример Барам работници за во Словенија плата 1300 евра...
во Словенија нема шанси да се земе толкава плата кога се знае дека максимално за 1 час работа даваат 4 евра или 4€*10часа*26 работни денови=1040€, и тоа со платен стан и 1 оброк...
а сега имаат криза и имаат вишок од 126838 странски работници, така да ги напуштаат и тие што се повеќе години вработени таму...
меѓутоа највеќе ми смета алчноста на Македонскиве агенциите за вработување и нивната фамозна членарина од 300 до 1500 денари
Тие за да ти најдат работа треба да им платиш сума кои тие ти ја одредуваат, а при евентуалното вработување пак ти земаат 15-20% од првата плата, а и работодавачот и плаќа на агенцијата некоја сума за најдениот работник-значи дерење до коска....
Јас пак од моето искуство од Словенија, Германија и Англија, таму кога одиш во агенција за вработување ти бараат документи (лични документи и диплома/и) и ништо друго, а добиваш многу работи бесплатно како
членарина во агенцијата, банковна сметка на твое име,здравствено и пензиско осигурување и обезбедено сместување(ако нема обезбедено работодавачот)...
Затоа предлагам бојкот на таквите "дерaчи", а власта нека направи една контрола на тој вид криминал.
А доколку отидете таму побараје им и лиценца (која сигурно ја немаат) и ќе ви биде јасно со кој имате работа.Ова го пишувам за да се заштитиме од таквото ЗЛО, затоа што има премногу луѓе кои платиле и биле изиграни, анекои инкасираат пари на макат на невработените, на кои секое денарче им е важно...
одбегнуваје ги следниве веб страни
www.rabota-posao.com -дај уплати во Прокредит банка 5,10 или 25 евра и крши глаа
http://www.advokatskoposrednistvo.i8.com/ - дај уплати во Прокредит банка 5,10 или 25 евра и крши глаа
www.Dubai-Hot-Jobs.blogspot.com - тука има понуди за работа но ништо прецизно
http://www.obogatitesebezpara.com/2174 - плати ни за лагите, како да се обогатиш кога треба на
Х луѓе да им пратиш по 10 Евра